Дома Фудбал Италија Официјално: Роберто Манчини нов селектор на Италија

Официјално: Роберто Манчини нов селектор на Италија

Искусниот стратег Роберто Манчини и официјално е нов селектор на Италија, соопштено е вечерва од Фудбалскиот сојуз на „Аѕурите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Довчерашниот тренер на Зенит со ФС Италија потпиша договор на две година, а негова презентација пред јавноста е закажана за утре во 12 часот.

Роберто Манчини на клупата на Италија ќе го наследи Џампиеро Вентура и неговата прва задача ќе биде со Италија да избори пласман на Европското првенство во 2020 година.

Деталите од договорот се уште не се официјално потврдено, но медиумите тврдат дека Манчини ќе добива плата од два милиони евра по сезона што е неспоредливо помалку од она што го добиваше во Зенит (13 милиони евра).

Манчини работи како тренер веќе 17 години, а во својата кариера ги предводеше Интер (на два пати), Манчестер Сити, Фиорентина, Лацио, Галатасарај и Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Финале на СП: Аргентина против Шпанија, Јужна Америка или Европа?

Фудбалерите на Шпанија и Аргентина ќе се сретнат вечерва во 21 часот во Њујорк во финалето…