Дома Фудбал Официјално: Нејмар и друштвото имаат нов тренер!

Официјално: Нејмар и друштвото имаат нов тренер!

Веќе од поодамна некое време беше познато дека Унаи Емери на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, а подолг период се шпекулираше за неговиот наследник.

Сега повеќе нема дилеми, стигна и официјална потврда од клубот – Томас Тухел ќе биде новиот тренер на скапоцениот тим на „светците“.

Тухел со ПСЖ потпишува договор на две години, а на „Паркот на принцовите“ се надеваат дека Германецот конечно може да ја одведе екипата до европскиот трон.

Германецот во својата досегашна тренерска кариера ги водеше екипите на Аугусбург, Мајнц и Борусија Дортмунд.

Отказ од редовите на „милионерите“ заработи минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноемвриските порази ја спуштија Македонија на 73. позиција во светот

Македонија загуби две позиции на рангирањето на ФИФА по поразите од Шкотска и Словенија. П…