Дома Фудбал Официјално: Начо претставен во новиот клуб

Официјално: Начо претставен во новиот клуб

Сега веќе поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Фернандез од денеска и официјално е член на тимот на Ал-Кадсија со кој потпиша договор на две години.

Во Саудиска Арабија, Начо пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со европскиот шампион. Според информациите на медиумите неговата плата во саудискиот клуб ќе изнесува 20 милиони евра по сезона.

Ал-Кадсија е дебитант во најсилното првенство во Саудиска Арабија и сака да доведе играчи кои ќе и помогнат да избори опстанок, но можеби и да се бори за врвот на табелата.

Реал Мадрид, Начо го напушти со 26 трофеи, колку што има и Лука Модриќ, двајцата се најтрофејни играчи во историјата на кралскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголемиот стадион во светот се гради и вреди 35 милијарди долари

Во декември 2025 година започна изградбата на стадион кој би можел да стане најголем во св…