Дома Фудбал Италија Официјално: Малдини и Бобан се во раковдството на Милан!

Официјално: Малдини и Бобан се во раковдството на Милан!

0

Она што се најавуваше денес доби и официјална потврда.

Паоло Малдини и Звонимир Бобан од денес се функционери на Милан! Започнува нова ера во таборот на повеќекратниот шампион на Европа, ќе видиме колку ќе биде успешна.

Милан веќе подолго време е далеку од врвот во италијанскиот фудбал. Последната титула овој клуб ја освои уште во 2011 година. Во последните пет сезони не се ниту блиску до врвот. Затоа мораше нешто од корен да се промени.

Прво ФИФА на својот сајт објави дека Бобан се повлекува од позицијата во светската куќа на фудбалот и се сели во Милан, а сега Бобаб порача дека го следи своето срце.

„Многу е тешко да се напушти ФИФА, но го следам своето срце и страст со која се водам кога носам одлуки. Така беше и кога го прифатив предизвикот да дојдам во ФИФА. Луѓето во Милан се мое семејство, градот Милано и Италија се мојот дом. Полн сум со желба да помогнам на голем клуб кој многу ми значи, ќе се обидам да го вратам Милан таму каде што припаѓа“, истакна Бобан.

Подоцна се огласи и Милан кој на својот сајт го потврди доаѓањето на Малдини и Бобан.

„Убедне сум дека Паоло ќе помогне во овој проект со своето искуство и лидерски способности. Тој е дел од Милан и го знае патот до успехот. Тој е некој од кој сите треба да земат пример“, истакна Иван Газидис, извршниот директор на Милан.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винстент Компани ја спасува кариерата на швалерот на Карлеуша

Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш кој го привлече вниманието на јавноста со скандалот со фо…