Дома Фудбал Лига на шампиони ОФИЦИЈАЛНО: Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони!

ОФИЦИЈАЛНО: Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони!

Тоа што се најавуваше овие денови, денес доби и официјална потврда. Српскиот судија Милорад Мажиќ ќе го суди овогодинешното финале во Лига на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова не е првпат лидерите на европскиот и светскиот фудбал да му доделат на Мажиќ важен натпревар. Во финалето на Купот на Конфедерациите во 2017 година, тој ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Германија и Чиле.

Една година претходно, трио од Србија, предводено од Мажиќ, беше задолжено за средбата од Суперкупот на УЕФА помеѓу Реал Мадрид и Севиља.

Овој пат Мажиќ ќе ја дели правдата на финалето од Лигата на шампиони во Киев помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Честа да го суди финалето во Лига Европа помеѓу Атлетико Мадрид и Марсеј ја доби холандскиот судија Бјорн Кјуперс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…