Дома Фудбал Останато Официјално: Лука Модриќ најдобар играч за врска во Европа

Официјално: Лука Модриќ најдобар играч за врска во Европа

Како и што се очекуваше на ждрепката во Лигата на шампионите наградите за најдобри во минатата сезона ги собираат фудбалерите на актуелниот освојувач Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кејлор Навас прво беше избран за најдобар голман во Европа, потоа капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос ја однесе наградата за најдобар дефанзивец, па дојде редот за најдобар играч за врска.

Тука немаше никакви дилеми, наградата за најдобар играч од средниот ред ја однесе Лука Модриќ.

Ќе потсетиме, Хрватот на Мундијалот беше избран и за најдобар играч на турнирот, покрај тоа е во конкуренција и за најдобар играч во Европа заедно со Мохамед Салах и Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола за Светското првенство, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал: “Ме излудуваше”

Пеп Гвардиола, кој сега е без тренерска позиција по декадата на чело на Манчестер Сити, пр…