Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Ларс Валтер повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер!

Официјално: Ларс Валтер повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер!

Ларс Валтер повеќе не е тренер на Еурофар Пелистер.

По раната елиминацијата од групната фаза од Европската лига ова можеше и да се очекува, а денес од Битола стигна и официјалната потврда за заминувањето на данскиот стратег.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Р„К Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа.

Во неговиот период Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и првпат играше на завршниот турнир на СЕХА Гаспром лигата. Веруваме дека оваа одлука ќе предизвика реакција кај тимот во невралгичниот дел на сезоната. На Ларс му посакуваме многу успех во понатамошната кариера и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност како него“, соопштија од клубот.

На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја води првиот асистент на Валтер, Божидар Мојсов, а од понеделник клубот ќе го именува новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар немоќен во Тетово, дербито за Шкендија!

Без разлика на позициите на табелата, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар секогаш ќе прив…