Крсте Велкоски повеќе не е играч на босанскиот прволигаш Сарајево, денес босанскиот клуб го потврди прекинот на договорот кој имаше важност до јуни 2023 година.
Велкоски на два пати го носеше дресот на Сарајево, а клубот емотивно му кажа довидување, но не и збогум. Најавите од Босна се дека по завршувањето на кариерата тој ќе добие некоја функција во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За првпат во Сарајево Велкоски пристигна во 2014 година, се задржа две години, а потоа направи трансфер во Јужна Кореја. Во Босна се врати во 2017 година и од тогаш во изминатите пет години зад себе има голем успех.
Велкоски стана капитен на Сарајево, освои три шампионски титули и три освоени трофеи во Купот и ќе остане запаметен како еден од најтрофејните играчи во клупската историја. На вкупно 234 настапи постигна 64 голови и подели 44 асистенции.