Денес истекува договорот на турскиот централен дефанзивец, Озан Кабак кој ќе го напушти Ливерпул по истекот на договорот и ќе се врати во Шалке.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кабак не ги задоволи барањата на Клоп во финишот од сезоната кога беше доведен како итно решение за дупката во дефанзивната линија.
„Сакам да му се заблагодарам на клубот за поддршката која ја имав од првиот ден. Ова искуство беше важно за мене. Многу научив од Клоп и соиграчите тука. Деновите поминати во овој клуб вечно ќе ги паметам“, изјави Кабак.
Ливерпул имаше опција да го купи Кабак за 18 милиони евра.