Дома Фудбал Официјално: Италија има нов селектор, ќе дебитира во Скопје

Официјално: Италија има нов селектор, ќе дебитира во Скопје

Италијанската фудбалска Федерација потврди дека Лучијано Спалети ќе биде нов селектор на „аѕурите“.

Порано денес сите еминентни медиуми објавија дека Спалети постигнал договор со Федерацијата, а сега пристигна и официјална потврда.

После отказот на Манчини, Италија остана без селектор, а Спалети ќе дебитира следниот месец против репрезентацијата на Македонија во Скопје.

Во минатата сезона, Спалети ја освои шампионската титула со Наполи, но потоа неочекувано одлучи да се повлече. Се очекуваше да одмара една година, но не можеше да го одбие повикот од репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер погоди, Херера најдобар на теренот во европската вечер

Елмин Растодер се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на Панатинаикос, а Себастијан…