Oд Фудбалската федерација на Италија потврдија дека Даниеле Де Роси ќе биде нов помошник на Роберто Манчини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендата на Рома и претходно не ја криеше желбата да започне тренерска кариера, а сега ќе биде дел од стручниот штаб на Манчини. Во тимот на Манчини Де Роси ќе има улога на технички тренер.
„Горд сум на оваа нова епизода со националниот тим, благодарен сум на претседателот Гравина и селекторот Манчини за дадената доверба, се надевам ќе ја оправдам“, изјави Де Роси.
Првата задача на Де Роси ќе биде подготовката на тимот за квалификациите на Мундијалот, а на лето следи и Европското првенство.