Дома Фудбал Официјално: Гризман повеќе нема да игра само по половина час

Официјално: Гризман повеќе нема да игра само по половина час

Атлетико Мадрид и официјално објави дека Антоан Гризман повеќе не е на позајмица од Барселона, Французинот потпиша до 2026 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претходно Гризман беше на позајмица која истекуваше следното лето и предизвика големи контроверзии поради клаузулата во договорот меѓу двата клуба според која Атлетико мораше да и плати на Барселона голема сума пари за минутажата на Гризман.

Затоа Диего Симеоне го користеше исклучиво после 60-та минути од секој натпревар, но Французинот возврати со три гола и две асистенции.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, воопшто не го сакаше Гризман во тимот. Беше далеку од очекувањата, но и плата која беше проблем за каталонскиот клуб и го оптоваруваше буџетот. Атлетико за Гризман плати 20 миилиони евра, а Барселона ќе заработи и дел од парите ако клубот во иднина го продаде Гризман за повеќе од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува „бомба“: Јувентус може да добие спектакуларно засилување!

Според информациите на „Ла Република“, тренерот на Јувентус, Луција Спалети, изразува желб…