Дома Топ вести Официјално: Бускетс си заминува од Барселона по 15 години!

Официјално: Бускетс си заминува од Барселона по 15 години!

Toa што во текот на вчерашниот ден беше најавено од шпанските медиуми денес доби официјална потврда, Серхио Бускетс си заминува од Барселона на крајот на сезоната.

Капитенот на Барселона претходно побара време да донесе конечна одлука, а на крајот се одлучи дека е време за разделба по 15 години поминати во првиот тим на Каталонците.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


До првиот тим на Барселона Бускетс дојде преку младинските категории и за првпат доби шанса од Пеп Гвардиола во 2008 година. Од тој момент започна да испишува историја, освои се што можеше да се освои со Барселона, а беше успешен и со националниот тим на Шпанија станувајќи европски и светски шампион.

Со емотивно на официјалниот канал на Барселона, Бускетс се заблагодари на сите соиграчи, тренери, стручни лица…и сите други кои биле покрај него во изминатите години. Според најавите во медиумите кариерата Бускетс ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…