Дома Останати Кошарка Официјално: Бобан Марјановиќ се врати во Европа!

Официјално: Бобан Марјановиќ се врати во Европа!

Бобан Марјановиќ денес и официјално се врати во Европа каде што ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче.

Ваквиот епилог беше најавен уште во текот на вчерашниот ден, а денеска клубот од Истанбул потврди со објава на официјалните канали.

На официјалниот сајт на турскиот евролигаш се наведува дека Фенерабахче потпишал едногодишен договор со 36-годишниот центар кој во претходните девет години играше во НБА лигата.

„Се надеваме дека овој договор ќе биде од корист за нашиот клуб и Бобан Марјановиќ, веруваме ќе имаме сезона полна со победи во темно-синиот дрес“, порачаа од Фенер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Францускиот клуб Асвел казнет поради долг кон кошаркар на Партизан

Асвел казнет со забрана за трансфери поради долг кон Жофри Ловерњ. …