Дома Фудбал Официјално: Барселона се збогува со Маскерано!

Официјално: Барселона се збогува со Маскерано!

После осум години поминати со дресот на Барселона, Хавиер Маскерано го напушта клубот, потврдија денес и официјално Каталонците.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Маскерано кариерата ќе ја продолжи во Кина, иако Барса денес тоа не го потври, туку само најави збогување со Аргентинецот.

Имено, утре во 11 часот на „Камп Ноу“ ќе има специјална церемонија на која ќе биде испратен Маскерано. Ќе присуствуваат сите фудбалери како и претседателот Жозеп Марија Бартомеу.

Бившиот играч на Ливерпул пристигна во Барселоба летото 2010 година и до денес одигра 334 натпревари, притоа освојувајќи 18 трофеи со пет различни тренери.

Од сите странци во историјата на клубот само Лео Меси, Филип Коку и Дани Алвеш имаат повеќе натпревари со каталонскиот дрес од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објава за потрес – Халанд во нападот, а Јирген Клоп на клупата?!

Веста на денот, можеби и на месецот или годината, доаѓа од претседателскиот кандидат на Ре…