Дома Фудбал Официјално: Алберт Риера има нов клуб

Официјално: Алберт Риера има нов клуб

Поранешниот фудбалер и сегашен тренер, Алберт Риера е нов тренер на Целје, објави клубот од Словенија.

Очигледно на Риера му одговара животот во Словенија, па се одлучи да остане во оваа земја. Во минатата сезона, Риера освои двојна круна со Олимпија Љубљана, но во меѓувреме се скара со управата и го напушти клубот.

Многу се шпекулираше за тоа каде би можел да продолжи, а на крајот го избра Целје.

Во еден момент Риера важеше и за сериозен кандидат да ја преземе селекторската позиција на клупата на Босна и Херцеговина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…