Дома Фудбал Англија Откриен говорот на Роналдо пред Њукасл: Не дојдов тука да бидам мажоретка!

Откриен говорот на Роналдо пред Њукасл: Не дојдов тука да бидам мажоретка!

Кристиано Роналдо во самиот финиш од преодниот рок се врати во Манчестер Јунајтед, а уште во првиот натпревар постигна два гола во победата против Њукасл од 4:1.

Оле Гунар Солскјер откри дека Роналдо одржал говор пред мечот со Њукасл, а сега неименуван извор за британските медиуми открил што се случувало во соблекувалната.

„Говорот беше моќен и инспиративен, беше целосна тишина, сите слушаа што зборува“, се вели на почетокот.

Потоа ги открива зборовите на Португалецот.

„Се вратив тука поради две причини. Љубовта кон клубот е првата, а втората победничкиот менталитет кој владее во клубот. Не дојдов да бидам мажоретка! За успех сите мораме да играме со срце за Манчестер Јунајтед. Не е важно дали играте или не, секогаш треба да дават поддршка на соиграчите и да дават 100% кога сте на теренот. Тука сум за да победувам, победите носат среќа, јас сакам да бидам среќен. Вие сакате ли?“.

„Ќе го дадам најдоброто од себе, но потребна ми е и вашата поддршка. Дали сте подготовени заедно да се бориме?“, зборувал Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Денес на програмата е вонредното 6-то коло во шпанската Примера, каде најголемо внимание с…