Дома Фудбал Откриено што им кажал Мбапе на соиграчите пред пеналите

Откриено што им кажал Мбапе на соиграчите пред пеналите

Репрезентацијата на Франција вчера беше подобра од Португалија по изведувањето на пенали откако по 120 минути не видовме голови.

Најголемата ѕвезда на Французите, Килијан Мбапе не беше помеѓу изведувачите за време на пенал серијата, но сепак учествувал така што одржал говор пред соиграчите.

Мбапе сакал да ги мотивира своите соиграчи и колку што е можно да го симне притисокот од нив.

„Само останете мирни момци. Добро сте запознаени, работевме на ова. Заборавете што се случувало, сега сте само вие и голманот. Без разлика што ќе се случи, остануваме заедно како тим“, зборувал Мбапе.

Во полуфиналето Франција сега ја чека натпревар против Шпанија која претходно беше подобра од Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ѕерби има дилеми за Медисон и Галагер: Тотенхем повторно го мерка Гибс-Вајт

Морган Гибс-Вајт повторно е во трансфер-плановите на Тотенхем, додека Роберто де Ѕерби ја …