Дома Фудбал Англија Откриено колку добива Игало за секој гол во Манчестер Јунајтед

Откриено колку добива Игало за секој гол во Манчестер Јунајтед

Нигерискиот напаѓач Одион Игала во јануари направи изненадувачки трансфер во Манчестер Јунајтед.

Игало дури и се откажа од 40% од својата плата која ја заработуваше во Кина само за да се пресели на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа, во договорот на 30-годишниот напаѓач има вклучено и бонуси кои денес ги објавија медиумите на Островот.

Имено, Игало добива по 8.000 фунти за секој постигнат гол во Манчестер Јунајтед, а тоа значи дека до овој момент тој добил 32.000 фунти за четирите гола.

Бившиот напаѓач на Ватфорд исто така добива и 9.000 фунти за секоја победа на „црвените ѓаволи“, а 3.000 при реми, но само доколку забележи настап во тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…