Дома Топ вести Откриено: Еве зошто Иско не заврши во Барселона!

Откриено: Еве зошто Иско не заврши во Барселона!

Иско пред околу една година беше на излезна врата од Реал Мадрид. Меѓутоа, следуваше значајно напредување на формата, се наметна како прв избор кај Зидан, и на крајот го продолжи договорот со „кралевите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека малку недостасувало Иско да му зададе голем удар на „кралевите“ и да се пресели во редовите на најголемиот ривал, Барселона.

„Диарио Гол“ пренесува дека Иско во моментите кога не беше стандарден бил решен да го напушти Реал Мадрид, па дури и започнал преговори со Барселона.

Каталонците се обидувале да најдат начини да го донесат шпанскиот репрезентативец без обештетување, но се откажале откако Иско им ги соопштил своите барања.

Имено, плејмејкерот покрај загарантирано место во првиот тим побарал 5 милиони евра повеќе од тоа што му го нуди Реал Мадрид, односно 12 милиони евра по сезона.

Барселона тоа веднаш го одбила, Иско остана на „Сантиаго Бернабеу“, ја освои Лигата на шампиони, а потоа и го продолжи договорот со „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…