Дома Топ вести Откриена причината зошто Реал Мадрид не купуваше овој трансфер период

Откриена причината зошто Реал Мадрид не купуваше овој трансфер период

Реал Мадрид не беше активен во јануарскиот трансфер период и покрај лошата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За многумина тоа беше големо изненадување, бидејќи познато е дека Реал има проблеми, особено во напаѓачкиот дел од играта. Не имаше ниту пристигнувања, ниту заминувања, па актуелниот европски и шпански шампион во продолжението на сезоната ќе игра со истите 23 играчи со кого и ја започна сезоната.

Причината зошто Реал не доведе никого е Зинедин Зидан т.е неговата одлука да им покаже на играчите дека им верува за да можат да ја одбранат европската титула. Единствено голманот Кепа Аризабалага се поврзуваше со трансфер во Мадрид, дури и пристигна на лекарски прегледи, но Зидан изјави дека не му е потребен нов голман и така му даде поддршка на Кејлор Навас.

Зидан не сакаше да ја размрда екипата ниту со продажбата на Иско, Ковачиќ или Бензема, играчи за кои беа заинтересирани многу клубови. Останаа и Дани Себалос и Маркос Лоренте, иако не се задоволни со минутажата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…