Фудбалската репрезентација на Аргентина успеа да ја освои Копа Америка, откако во големото финале победи против Колумбија по продолженија со 1:0, но мечот остана во сенка на повредата на Лионел Меси, чиј зглоб беше во многу незгодна состојба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прво се мислеше за најлошото, особено затоа што беше неверојатно отечен, а сега се појавија првите прогнози за тоа колку долго ќе мора да паузира.
Имено, според првите проценки, Лео Меси ќе биде надвор од терените најмалку шест недели.
Со други зборови, ќе пропушти четири натпревари во МЛС, како и два меча во Лига купот. Исто така, Меси ќе го пропушти и МЛС „Ол-стар“ натпреварот закажан за 24 јули.