Судот за спортска арбитража (ЦАС) утре би требало да донесе конечна одлука, но на „Етихад“ се опуштени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
УЕФА претходно одлучи да го исфрли Манчестер Сити од своите натпреварувања во наредните ве сезони поради кршење на финансискиот фер плеј, а од поранешниот шампион на Англија веднаш реагираа и соопштија дека нема основа за таква казна. Во Сити најавуваа дека со жалба таа одлука ќе се промени.
Сити на крајот испрати жалба до Судот за спортска арбитража, а сега пристигнуваат вести дека ЦАС ја прифатил жалбата на Сити и „граѓаните“ нема да сносат никакви санкции.
Значи, одлуката која ЦАС ќе ја потврди утре многу веројатно ќе оди во корист на Сити и тие во наредните две сезони ќе имаат право да играат во Лигата на шампионите. Ова не е добра вест за клубовите како Челзи и Манчестер Јунајтед кои се борат за четвртата позиција.