Дома Фудбал Германија Олиќ суспендиран поради обложување: Направив голема грешка!

Олиќ суспендиран поради обложување: Направив голема грешка!

Легендарниот хрватски фудбалер е главна тема во спортските медиуми откако заработи суспензија поради недозволено обложување.

Олиќ се обложувал на девет натпревари од Втората Бундеслига, во периодот од 26 август до 11 септември, што е забрането според правилата во германскиот фудбал.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Тој е казнет со суспензија на два натпревари и со парична казна од 20.000 евра од Спортскиот суд во Германија, но медиумите најавуваат дека ќе биде дополнително казнет и од својот клуб.

„Ова беше голема грешка. Одиграв со пријателите систем преку мојата картичка. Се обложивме и на второлигашки натпревари од Германија, но не на меч на мојот клуб Минхен 1860. Немаше тука можност за некоја голема добивка, туку игравме чисто од забава. Но, погрешив и многу ми е жал“, изјави Олиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда… На п…