Дома Фудбал Оливер Кан за агентот на Алаба: Не е во контакт со реалноста

Оливер Кан за агентот на Алаба: Не е во контакт со реалноста

Легендата на Баерн и член на управниот одбор, Оливер Кан го нападна агентот на Давид Алаба, Пини Захави.

Захави ги одби сите понуди кои ги доставија Баварците до него, па Алаба на крајот на сезоната ќе го напушти клубот како слободен агент.

„Всушност сум разочаран, бидејќи гледам колку многу Захави не е во контакт со реалноста. Го почитуваме Давид, тој е исклучителен човек и секогаш пријателски настроен. Направивме се за да го задржиме, но не успеавме да постигнеме договор со неговиот агент“, изјави Кан.

Медиумите откриваат дека последната понуда која ја одбил Захави била од 12 милиони евра годишно плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешвил на бод до трофеј, Калахан предупредува: Нема место за опуштање!

Реми во Монтреал ќе му биде доволно на Нешвил за „Сапортерс шилд“, но Би Џеј Калахан бара …