Дома Фудбал Озил ги смири фановите: Ќе бидам спремен за Мундијалот!

Озил ги смири фановите: Ќе бидам спремен за Мундијалот!

Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев може да воздивне – Месул Озил ќе биде спремен за Светското првенство.

Озил подолго време влечи повреда на грбот и игра со болки, па вчера англиските медиуми пренесоа дека за него сезоната е завршена.

Меѓутоа, Озил денес потврди дека нема причина за загриженост, бидејќи со сигурност ќе биде спремен за Мундијалот следниот месец.

„Жал ми е што го пропуштив мечот со Барнли поради повреда. Сепак, ми треба малку време да се посветам на рехабилитацијата за да бидам спремен за Светското првенство. Сигурен сум дека за Мундијалот ќе бидам 100% спремен“, се огласи Озил на социјалните мрежи.

Германија на Светското првенство ќе игра во Групата Ф заедно со Мексико, Јужна Кореја и Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го покани Антонели во Болоња, но ја сопира еуфоријата пред Парма

Тренерот на Болоња сака новиот шампион во Формула 1 да го посети клубот за кој навива. По …