Дома Фудбал Англија Озил ги налути Англичаните – одби да му биде намалена платата

Озил ги налути Англичаните – одби да му биде намалена платата

Офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Месут Озил и уште двајца играчи на Арсенал одбиле намалување на платите, објави клубот од „Емирати“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од таборот на Арсенал во вчерашниот ден соопштија дека речиси сите во клубот се согласиле на играчите, тренерите и целиот стручен штаб да им бидат намалени платите за 12% во следните 12 месеци.

Еден од оние кои цврсто се спротивставиле на ваквиот предлог на управата на Арсенал бил Месут Озил кој  е најплатениот фудбалер на клубот со заработка од 400.000 фунти неделна плата.

Не е познато кој се останатите двајца играчи кои одбиле кратење на приходот. Овој потег дополнително го налутил Микел Артета кој летово најверојатно ќе се ослободи од Озил и од уште неколкумина првотимци на „топџиите“.

Озил е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, па ваквиот негов потег предизвика револт во јавноста и ги налути Англичаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола и неверојатната понуда од 90 милиони евра по сезона: Дали веќе донел одлука?

Иако уште не е официјално, многу веројатно е дека Пеп Гвардиола ова лето ќе ја заврши свој…