Дома Фудбал Репрезентации Од ФИФА најавуваат: Македонија – Косово во 2021 година?!

Од ФИФА најавуваат: Македонија – Косово во 2021 година?!

Потрпетседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) кој е и претседател на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка), Виктор Монтаљани најави дека репрезентативни натпревари ќе се играат од 2021 година.

Со оваа изјава тој најави ново одложување на историскиот бараж помеѓу Македонија и Косово кој прво беше закажан за 26. март, па 4. јуни, но потоа беше одложен и вториот термин без конкретен датум. Постое најави дека истиот ќе се одигра во септември или октормври, межутоа веројатно нема ниту тогаш.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Според потпретседателот на ФИФА услови за репрезентативни натпревари нема да има до крајот на оваа календарска година.

„Мислам дека сега не е време за репрезентативни натпревари, ризокот е навистина голем со патувањата. Освен тоа, приоритет се националните првенства, засега нема ниту приближно добри услови за тактво нешто. Најдобро е сите натпревари на репрезентациите да се откажат до 2021 година, а потоа да се најде термин кога тие ќе се одиграат. Предвидениот термин за репрезентации во септември, октомври и ноември може да се искористи за други активности“, изјави Монтаљани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…