Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Струга жестоко реагираат: Судењето против Работнички беше срамно и пристрасно! 🎥

Од Струга жестоко реагираат: Судењето против Работнички беше срамно и пристрасно! 🎥

Поминаа два дена од натпреварот со Работнички во 27. коло во кое Струга Трим Лум и Работнички одиграа реми 1:1, но во таборот на Стружани се уште се гневни на судијата Марјан Гоцевски.

Од Струга денес објавија видео во кое се прикажани неколку моменти од натпреварот, а во соопштението истакнуваа дека ваквото судење е срамно.

„Нашиот клуб и официјално реагираше до надлежните за неправдите кои ни беа нанесени од страна на судијата Марјан Гоцевски на последниот првенствен натпревар против Работнички. Судењето беше срамно и пристрасно. Во видеото можат да се видат три моменти во кои сме оштетени. И покрај ова што ни се случува ние продолжуваме со кренати глави“, стои во реакцијата од Струга.

Фото: Струга Трим Лум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Немили сцени во Тетово: „Балистите“ влегоа на стадион🎥

Фановите на Шкендија не ги испочитуваа пандемиските препораки, направотив, влегоа на стади…