Дома Фудбал Од непријатели до најголеми сојузници: Ништо не ги обединило Барса и Реал како Суперлигата

Од непријатели до најголеми сојузници: Ништо не ги обединило Барса и Реал како Суперлигата

Очигледно ништо подобро не може да ги смири луѓето како што се парите, а тоа го покажува односот меѓу двата најголеми шпански тимови, Барселона и Реал Мадрид.

Двата гиганти ја бранат идејата за создавање на Суперлига погласно од било кој од останатите клубови кои сакаа да го реализираат овој проект.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Суперлигата ни е потребна, но последниот збор ќе го имаат навивачите“, вели Жоан Лапорта.

Суперлигата требаше да биде составена од 20 тимови, а секој од нив требаше да добие по 300 милиони евра, додека Реал и Барселона по дополнителни 60 милиони евра.

Затоа и Флорентино Перез не се откажува и вели дека проекетот ќе се реализира без разлика на тоа што бил запрен.

„Лапорта знае дека Суперлигата е најдобро решение затоа што им го враќа интересот на луѓето во фудбалот и како последица ќе донесе приходи. Ваквата состојба не е одржлива за сите“, вели Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ќе добие понуда која не се одбива, следува голем потпис!

Карло Анчелоти влегува во златниот период на својата тренерска кариера и се чини дека нема…