Дома Фудбал Англија Од наредната сезона во Премиер лигата се воведуваат шест нови правила!

Од наредната сезона во Премиер лигата се воведуваат шест нови правила!

0

Aнглиската Премиер лига ќе има неколку нови правила од наредната сезона.

Од година во година фудбалот доживува значајни промени, а некои ги воведе и раковдството на англиската Премиер лига.

Најгледаната лига во светот воведе шест нови правила кои на сила стапуваат од 1-ви јули 2019 година.

Слободен удар

Често се забележува дека противнички играч кој му пречи на голманот да го намести живиот ѕид, но сега играч на противничката екипа не ќе може да стои пред живиот ѕид на другиот тим. Кога ќе се прекрши тоа правило екипата која се бранела ќе добие индиректен слободен удар.

Пенал

Ако претходното правило им оди во корист на голманите ова сигурно не им оди. Имено, кога ќе се изведува пеналот голманот ќе мора барем со една нога да ја допира гол линијата, а освен тоа голманите не ќе можат да се движат по линијата и да ја допираат рамката од голот.

Жолти и црвени картони за менаџерите

Освен играчите сега и менаџерите ќе добиваат картони. Судијатаќ е има право да му покаже картон на менаџерот кој ќе протестира или ги крши правилата.

Замени

Често пати сме виделе како играчите штедад време при излегувањето од теренот, посебно во завршницата од натпреварот, но сега таквото „крадење“ време ќе биде намалено бидејќи играчот кој е повикан да излезе ќе го напушти теренот од најблиското место од каде што се наоѓа, нема да мора да доаѓа до центарот каков што беше случајот до сега.

Посед на топка

До сега беше случај судиајта да ја фрла топката која потоа еден играч ја доделува на противничкиот тим, како во фер-плеј случаевите. Но, сега судијата веднаш ќе ја доделува топката на екипата која и припаѓа.

Играње со рака

Правилото за играње со рака во напад е променето. Голот нема да биде признаен ако топката допре некој играч во раката пред да ја премине гол линијата, без разлика дали е случајно. Доколку играчот случајно игра со рака и се создаде прилика за гол ќе биде досуден слободен удар за противникот. Ова правило е малку контроверзно и ќе биде интересно да видиме како ќе се применува. На крај ќе потсетиме и дека Премиер лигата од наредната сезона ќе користи ВАР.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тимот на годината веќе познат: Реал има четири претставници?

ФИФА денес во Милано ќе организира церемонија за доделување на наградата за најдобар играч…