Дома Фудбал Англија Од контролна задача во училиште на терен: Вчера за Фулам дебитираше фудбалер роден – 2003! (ВИДЕО)

Од контролна задача во училиште на терен: Вчера за Фулам дебитираше фудбалер роден – 2003! (ВИДЕО)

Вчерашниот натпревар помеѓу Милвол и Фулам ќе остане запаметена по тоа што во Карабао купот настапи најмладиот фудбалер кој некогаш се појавил во ова натпреварување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Фулам вчера дебитираше Харвеј Елиот, крилниот напаѓач кој е роден 2003 година. Со своите 15 години и 174 дена, Елиот стана најмладиот фудбалер од кога се игра Лига купот, без разлика кое име го носи (Карабао, Карлинг…).

Елиот во игра влезе во 81 минута при резултат 3:1 за Фулам, а менаџерот Славиша Јокановиќ после натпреварот откри дека ова момче во текот на денот имало обврски кон училиштето.

„Елиот денес имаше контролна задача, утре повторно мора да оди на училиште. Мило ми е што дебитираше, пред него е светла иднина и многу сметаме на него во наредните години. Тоа момче е арогантно, но во позитивна смисла“.

„Тоа момче е чуди, верувајте. Дојд и ми кажа: Сакам да играм, сакам да ти покажам дека сум добар играч. Му одговорив: Во ред, ако можеш да ми го покажеш тоа, ќе добиеш шанса. Очекувам многу од него“, откри Јокановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинар дозна кој е бомбата на Реал од 150 милиони евра: Бев шокиран, не можев да верувам…

Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на…