Дома Топ вести Од Винисиус до Родригез…На Зидан е да одлучи кој ќе го носи дресот на Реал

Од Винисиус до Родригез…На Зидан е да одлучи кој ќе го носи дресот на Реал

zidane

Реал Мадрид оваа сезона има неколку позајмени фудбалери, кои од нив ќе стигнат до дресот на „кралевите“.

Зинедин Зидан и управата на Реал Мадрид мораат брзо да реагираат кога во прашање се одредени играчи и нивните позајмици.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Винисиус е одличен во Флманего постигна одлични два гола против Емелек во Копа Либертадорес и очекувањата се тој со сигурност да се појави на припремите за новата сезона.

Мартин Одегард во Херневен игра сосема солидно и полека созрева. Сепак, за него најверојатно ќе нема место во тимот и наредната сезона. Се споменува позајмица во Леганес. Иначе младиот Норвежанец има договор со Реал Мадрид до 2021 година.

Лукас Силва е главниот проблем на Реал Мадрид, многумина неговото купување го прокоментираа како грешка. Неговиот договор со Реал го врзува до се до 2022 година, а веројатно нема да игра за „кралевите“ бидејќи од таборот на Реал се обидуваат да го продадат. Беше на позајмица во Марсеј и не се снајдер баш најдобро, сега е во Крузеиро каде што исто така лош.

Фабио Коентрао игра одлично во Спортинг, Жорж Жесус прокоментира дека тој е повторно спремен за голем клуб. Сепак и покрај овие зборови на Жесус најверојатно Коентрао нема да добие шанса во Реал. Неговиот договор истекува наредната сезона.

Раул де Томас е напаѓач кој можеби најмногу воодушевува оваа година. Постигна 18 погодоци на 22 натпревар колку што беше стартер за Рајо Ваљекано и еден од клучните играчи на тој тим. Негов најголем проблем е што останува без договор.  Има 23 години и на Реал е да одлучи што ќе прави со него.

Играчот за врска Федерико Валверде го носи дресот на Депортиво Ла Коруња, има само 19 години и би можел да биде голема ѕвезда во иднина, но оваа сезона немаше многу прилика да се докаже поради тешката повреда.

Серхио Дијаз е напаѓач од Паргвај и има само 20 години и оваа сезона е во Луго на позајмица, но во ноевмри како и Валверде заработи тешка повреда и пропушти голем дел од сезоната. Наредната сезона најверојатно ќе игра за Кастиља. Реал за него плати пет милиони евра пред две години.

Алеиш Фебас е 22 годишен играч за врска и настапува за Срагоса и е еден од најдобрите фудбалери на овој клуб кој се бори за влез во Примера. Тој најверојатно ќе остане во Сарагоса и наредната сезона.

Хамес Родригез има договорена позајмица до 2019 година и откупна клазула од 42 милиони евра. Голема е веројатноста Баерн Минхен да ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…