Дома Фудбал Од Ваљадолид не можат да се помират: Кражба и невиден срам!

Од Ваљадолид не можат да се помират: Кражба и невиден срам!

Голема бура од реакции предизвика вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Ваљадолид.

Барселона дојде до победа со гол во 90. минута, во голот немаше ништо спорно, но многу се коментираа две ситуации од претходно. Најголемиот дел од јавноста смета дека судијата во овој натпревар малку повеќе ја „турна“ Барса кон победата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Двете спорни ситуации – погледнете ги тука.

Свој коментар за натпреварот имаше и градоначалникот на Ваљадолид. Оскар Пуенте кој по професија е и адвокат не бираше зборови во своето излагање.

„Кражба, невиден срам! Не можам да прифатам дека немаше пенал за нас после играњето со рака на Алба. Сега има ВАР, повеќе судии и не ми е јасно како никој не реагираше. На располагање имаат 4-5 минути да видат што се случувало и пак немаше пенал. Очигледно намерата на главниот судија беше да помогне да победи фаворитот во овој натпревар“, порача Пуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Винисиус, слободен си“: Реал подготвува неверојатни трансфери ако Бразилецот не потпише нов договор

Винисиус Жуниор сè уште не е сигурен за својот останок во Реал Мадрид, но изгледа дека во …