Дома Фудбал Од Барселона отворено до Ракитиќ: Му кажавме дека е „отпишан“ на време

Од Барселона отворено до Ракитиќ: Му кажавме дека е „отпишан“ на време

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ во јануари скоро сигурно ќе ја напушти Барселона.

Ракитиќ неколку години беше стандарден првотимец во каталонскиот тим, но ова лето неочекувано тоа се промени и стана резервна опција и Ернесто Валверде му дава шанса само во финишот на натпреварите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватот не крие дека тоа тешко му паѓа, а недомана јавно зборуваше дека се чуствува како мало дете кое останало без својата омилена играчка. Како одговор на таа негова изјава се огласи спортскиот директор Ерик Абидал.

Абидал јасно кажа дека уште во текот на летото на Хрватот му било кажано дека клубот нема да смета на него.

„Како прво, на Ракитиќ на време му кажавме дека не сметаме на него. Му објаснивме дека тоа е тактичка и спортска одлука на клубот и треба да го разбере тоа. Ми изгледаше дека сфати, но ако треба не ми е проблем тоа да му го повторам. Не е коректно од негова страна што одговорноста ја префрла на Валверде. Него во текот на летото му беше кажано како стојат работите, меѓутоа тој и покрај тоа одлучи да остане“, изјави Абидал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…