Дома Фудбал Репрезентации Одредени судиите за натпреварот со Исланд

Одредени судиите за натпреварот со Исланд

Ремито со Ерменија во кое видовме и добри и лоши работи веќе е зад нас се мисли на Исланд.

Натпреварот со Исланд го играме на гости во недела, а веќе се познати судиите кои ќе делат правда во Рејкавиќ.

Главен судија на мечот ќе биде Иван Кружлиак од Словачка и ќе му помагаа Бранислав Ханцко и Јан Позор. Четврт судија ќе биде Филип Глова. Во ВАР собата ќе бидат сместени Павел Рачковски и Даниел Стефански од Полска, нивни асистент ќе бидат Мартин Ингварсон од Шведска и Михаел Шафрот од Швајцарија.

Дуелот со Исланд го играме в недела со почеток од 18:00 часот, тој ќе биде петти во овие квалификации во кои до сега имаме две победи, еден пораз и едно реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Францускиот репрезентативец Нголо Канте во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Чел…