Продолжува одложувањето натпревари во Премиер лигата поради коронавирусот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последен во низата е дуелот помеѓу Арсенал и Вулверхемптон кој требаше да се игра утре. Овој натпревар е одложен поради големиот број заразени фудбалери во редовите на Вулверхемптон.




„Волците“ не играа против Вотфорд на „Боксинг деј“, а сега е потврдено дека е одложен и дуелот со Арсенал. Натпреварот помеѓу Ливерпул и Лидс веќе одложен поради истата причина. Така место шест дуели утре на програмата ќе бидат четири.