Дома Македонски спорт Мак фудбал Одложени сите натпревари во ПМФЛ

Одложени сите натпревари во ПМФЛ

Денеска во рамките на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига требаше да се одиграат пет натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, поради обилните врнежи од снег ФФМ информира дека сите натпревари се одложени за следниот викенд.

„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло од 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година недела“ – стои во соопштението на ФФМ.

Да потсетиме, вчера во Струмица беше одигран дуелот помеѓу Академија Пандев и Работнички, во кој славеше гостинската екипа со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ова е една од најголемите промени: ФИФА по две децении промени правило за групите на Мундијалот

Светската фудбалска организација измени важно правило за Светското првенство 2026. Зошто п…