Дома Македонски спорт Мак фудбал Одложена продажбата на влезниците за натпреварот со Косово

Одложена продажбата на влезниците за натпреварот со Косово

Денес требаше да започне продажбата на билети за плеј-оф натпреварот помеѓу Македонија и Косово, но тоа не се случи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Продажбата е одложена поради најавите дека е можно дуелот да се презакаже поради коронавирусот кој се шири во Европа. ФФМ донесе одлука да ја одложи продажбата додека не се донесе конечна одлука дали натпреварите воопшто ќе се играат на тој датум.

Денес ќе се сретне извршниот комитет на УЕФА во Амстердам и таму ќе се разговара на оваа тема, додека утре е закажан конгресот на европската централа. Ќе потсетиме и дека утре во 18:00 часот Македонија ќе ги добие противниците за Ц-дивизијата за втората сезона во Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …