Дома Фудбал Одлични вести за Ливерпул пред тешкиот распоред

Одлични вести за Ливерпул пред тешкиот распоред

Пред фудбалерите на Ливерпул е тежок распоред,, а Арне Слот ќе мора да се докажува сега повеќе од кога било и затоа мора да се радува на предвременото враќање на Вирџил ван Дијк и Мохамед Салах.

Како што потврдија од Египет, Мо Салах ќе биде одморен за претстојниот меч со Мавританија, а веќе добил дозвола да се врати во Ливерпул.

Исто така и Ван Дајк е веќе на пат за Ливерпул откако доби црвен картон на мечот со Унгарија, па Роналд Куман не може да му пречи на дербито против Германија.

Со оглед на тоа што Арне Слот веќе остана без Алисон Бекер неколку недели враќањето на овие двајца е и тоа како добра вест.

По паузата Ливерпул го пречекува Челзи, а потоа за „црвените“ следат натпревари со: Арсенал (27 октомври), Баер Леверкузен (5 ноември), Астон Вила (9 ноември), Реал Мадрид (ноември 27) и Манчестер Сити (1 декември).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчез речиси исчезна во кадарот: Интервјуто по турското дерби стана хит (Видео)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2:1, но на социјалните мрежи внимание привлече и инте…