Продлабочувајќи ја соработката меѓу двата клуба, ФК Брегалница во недела (31. јули) ќе биде специјален гостин на ФК Беласица на настанот преку кој ќе биде одбележана 100-годишнината од формирањето на струмичкиот клуб.
Целокупната дневна агенда во знак на одбележување на јубилејот на Беласица, со богати бројни забавни содржини, на крајот ќе биде заокружена од 19:45 часот со фудбалскиот натпревар на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица меѓу Беласица и Брегалница.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
За „сините“, без сомнение, претставува огромна чест и задоволство што ќе бидат дел од јубилејот на Беласица, верувајќи дека нашето гостување во Струмица ќе биде дополнето и со голем број навивачи на Брегалница кои ќе присуствуваат на натпреварот во недела во знак на поддршка на својот клуб но и збогатување на целокупниот спектакл.
За составот на Илчо Ѓорѓиоски натпреварот со Беласица во недела ќе биде и генералка пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.