Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека „црвените“ нема да го откупат Артур Мело, кој е на позајмица од Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилецот одигра еден меч за „црвените“, односно само 13 минути во мечот од Лигата на шампионите против Наполи на гости.
Артур не се покажа како добро засилување, па поради тоа ќе се врати во Јувентус после истекот на позајмицата.
„Му посакувам се најдобро. Неговиот професионализам и неговите способности се подобро познати на секој кој соработувал со него“, изјави Клоп.
За Артур нема повеќе место ниту во Јувентус, па на лето сигурно ќе си бара нов клуб.