Борусија Дортмунд во овој преоден рок го доведе Џуд Белингем од Бирмигем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белингем беше мета на повеќе големи клубови како од Англија така и од останатите првенства, а на крајот во трката за неговиот потпис победи Борусија Дортмунд.
Своето деби Белингем го имаше во германскиот куп против Дуизбург. Во тој натпревар Белингем успеа и да постигне гол со што стана најмладиот стрелец во историјата на ова натпреварување.
Покрај голот Белингем прикажа и одлична игра па неговата цена скокна за 145.5% по само еден одигран натпревар. Од 11 милиони евра вредноста на Белингем се зголеми на 27 милиони евра.