Дома Фудбал Одбранетиот пенал Навас го посвети на неговиот соиграч кој поминува низ тежок период

Одбранетиот пенал Навас го посвети на неговиот соиграч кој поминува низ тежок период

Најголеми заслуги за тоа што ПСЖ не си направи проблеми во реваншот против Барселона има Кејлор Навас.

Навас во текот на натпреварот беше одличен. Иако Лионел Меси постигна еврогол со удар од далечина. Костариканецот му се реваншираше така што му одбрани пенал.

Барса можеше да поведе со 1:2 и со тој резултат да ја врати драмата, но Навас го одбрани пеналот. Во таа ситуација во мислите на Навас бил неговиот колега Серхио Рико.

„Секогаш е тешко против Меси, но бев фокусиран и го одбранив. Оваа одбрана е за Серхио Рико и неговото семејство кое поминува низ тежок период“, изјави Навас после натпреварот.

На Рико вчера му почина неговиот татко и го пропушти последниот тренинг пред натпреварот, но собра сили и за натпреварот беше во протоколот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…