Дома Македонски спорт Одбојкарите против Унгарија, Украина и Швајцарија ќе бркаат пласман на ЕП

Одбојкарите против Унгарија, Украина и Швајцарија ќе бркаат пласман на ЕП

0

Македонската одбојкарска репрезентација денес ги доби противниците за Европското првенство 2019 година кое ќе се одржи во четири земји Франција, Словенија, Белгија и Холандија.

Ждрепката за квалификациите се одржа денеска во Луксембург, а Македонија се најде во групата Ф, заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина и Швајцарија.

Од ова Европско првенство бројката на учесници се зголемува од 16 на 24, а со тоа се зголемуваат и шансите за настап на македонската репрезентација.

Во квалификациите има седум групи од кои на Европското првенство ќе одат сите првопласирани и најдобрите пет второпласирани репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кадетите стартуваа неуспешно на турнирот во Васлиу (ВИДЕО)

Кадетската репрезентација на Македонија го стартуваше со пораз меѓународниот кадетски турн…