Дома Македонски спорт Одбојкарите повторно поразени, овој пат од Шпанија

Одбојкарите повторно поразени, овој пат од Шпанија

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа четвртиот пораз на Европското првенство, откако загуби од Шпанија со 3:1.

Првиот сет беше многу неизвесен, но на крајот го добија Шпанците со 25:23, а во вториот Македонија заигра многу подобро и го освои со 21:25.

Клучен за исходот беше третиот сет 30:28, во кој нашите одбојкари не реализираа три сет-топки. Во четвртиот Шпанците беа убедливи со 25:15.

Македонија последниот меч на Европското првенство ќе го игра во среда против Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Благица стигна до 7.020 метри на Хималаите – сега цели кон Манаслу!

Благица Владимировска на Химлунг издржа екстремен студ и силен ветер. За следниот предизви…