Дома Фудбал Останато Ограбен Мануел Пелегрини!

Ограбен Мануел Пелегрини!

Новиот стратег на Вест Хем, Мануел Пелегрини изминатата вечер бил нападнат од вооружени лица, но за среќа поминал без повреди.

Пелегрини е ограбен за време на одморот кој го поминувал со својата сопруга и и пријателите, објави клубот од Лондон.

Нападот на познатиот чилеански тренер се случил додека тој бил на пат кон еден ресторан, а вооружените напаѓачи ја украле тробата на неговата сопруга и побегнале од местото на настанот.

За среќа Пелегрини поминал без повреди и се заблагодарил на полицијата и граѓаните кои му пружиле помош.

Пелегрини кон крајот на мај го превзема Вест Хем и сега е еден од најплатените тренери во Премиер лигата со плата од 11.4 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпрева…