Дома Фудбал Англија Овие 10 фантастични фудбалери никогаш не ја освоиле Премиер лигата

Овие 10 фантастични фудбалери никогаш не ја освоиле Премиер лигата

0

Aнгиската Премиер лига заврши минатиот викенд, а Манчестер Сити стигна до титулата шампион.

Ливерпул не успеа да ја освои титулата иако во поголемиот дел од првенството беше лидер на табелата. Навивачите на Ливерпул на титула во Премиер лигата чекаат од сезоната 1992/1993 и ќе мораат да чекаат барем уште една година.

Во минатото некои фантастични играчи никогаш не успеале да се израдуваат на трофеј во најсилната конкуренција во Англија.

Џејми Карагер

Легендата на Премиер лигата одигра неверојатни 737 натпревари за Ливерпул во 17 годишната кариера на „Енфилд“. Карагер два пати го освои ФА Купот, три пати Лига Купот, Купот на УЕФА и Лигата на шампионите, но никогаш не се радуваше на трофеј во Премиер лигата.

Хуан Мата

Хуан Мата помина седум години во Премиер лигата, настапувајќи за Челзи и Манчестер Јунајтед.

Шпанецот со Челзи ја освои Лигата на шампионите во 2012 година, два ФА Купа, два трофеи во Лигата на Европа и Лига Куп.
Сега изгледа дека на неговиот престој во Премиер лигата изгледа дојде крајот и се очекува ова лето да го напушти Манчестер Јунајтед. Мата би може лда се врати во Шпанија како слободен игра.

Мат Ле Тисиер

Мат Ле Тисиер беше играч кој играше само за еден премиерлигашки клуб – Саутемптон. Во тој клуб помина 16 години и одигра 443 натпревари и се здоби со почит од многумина. Меѓутоа поради тоа што играше во клуб кој не беше конкурентен за освојување на трофејот не почуствува како е да се биде шампион на Англија.

Лес Фердинанд

Лес Фердинанд беше одличен напаѓач кој постигна 149 голови на 351 натпревари и своето име го запиша во најдобрите 10 стрелци на сите времиња.
Најблиску до титулата беше во сезоната 1995/1996 кога неговиот Њуукасл испушти 10 бодови предност пред Манчестер Јунајтед кои ги имаше во средина на табелата.

Герет Бејл

Четирикратниот победник во Лигата на шампионите кариерата ја започна во Саутемптон, а потоа се пресели во Тотенхем каде што се разви во вистинска суперѕвезда. Тотенхем во негово време немаше тим со кој можеше да се бори за трофејот и најдобариот пласман на Спарсите додека Бејл беше во тимот е влез во топ 4.

Чаби Алонсо

Чаби Алонсо се пресели во Ливерпул летото 2004 година и ја освои Лигата на шампионите во првата сезона со „црвените“, а постигна и гол во финалето против Милан. Го освои ФА Купот следната сезона, но не ја освои Премиер лигата. Најблиску беше во 2009 година кога Ливерпул заврши како второпласиран со четири бода зад Манчестер Јунајтед.

Фернандо Торес

Торес помина три ипол години во Ливерпул и Челзи и постигна 85 гола во англиската премиер лига. Индивидуално, Торес подобри спомени има од времето во Ливерпул, но на клупско ниво со Челзи стана шампион во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ФА Купот.

Џианфрако Ѕола

Иконата на Челзи помина седум години на „Стенфорд Бриџ“ од 1996 до 2003 година. Беше лидер на тимот кој освои два ФА Купа, Лига Куп и Куп на УЕФА во 1998 година.

Роби Фаулер

Еден од најталентиранит англиски напаѓачи, Роби Фаулер кариерата ја започна во Ливерпул уште во 1993 година. Постигна 163 гола во Премиер лигата за 14 години колку што помина во англискиот фудбал, играјќи за Ливерпул, Лидс и Манчестер Сити.

Со Ливерпул триумфираше во УЕФА Купот, ФА Купот и Лига Купот, но не успеа да освои трофеј во Премиер лигата.

Стивен Џерард

Еден од најголемите играчи на Ливерпул на сите времиња помина долга кариера на „Енфилд“. Играчот за врска освои се што можеше да се освои во фудбалот освен Премиер лигата.

Најблиску до трофејот во Премиер лигата беше во 2014 година кога Ливерпул изгуби од Челзи во 36-тото коло и му ја предаде титулата на Манчестер Сити кој стана шампион со два бода предност.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси бара од претседателот на Барселона да го врати Нејмар на Камп Ноу

Нејмар во 2017. година во трансфер вреден 222 милиони евра ја напушти Барселона и премина …