Дома Топ вести Ова ќе биде вистинска бомба: Миленикот на Конте оди кај Мурињо!

Ова ќе биде вистинска бомба: Миленикот на Конте оди кај Мурињо!

Фудбалерот на Челзи, Немања Матиќ би можел во следниот трансфер период да ја напушти екипата од Лондон и да се пресели во Манчестер Јунајтед, пренесува британскиот „Independent“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот репрезентативец уште од порано изрази желба повторно да работи со Мурињо, а преговорите со клубот веќе се направени.

Местото во стартната постава на новиот шампион на Англија за Матиќ е загрозено, бидејќи се очекува трансферот на Тиму Бакајоко од Монако, што сака да го искористи менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо и да го доведе Србинот на „Олд Трафорд“.

Мурињо и минатото лето го сакаше српискиот репрезентативец, чиј квалитет е голем обожавател, бидејќи тој лично инсистираше за неговото враќање во Челзи од Бенфика, а и сега е подготвен за нова соработка со него.

„Independent“ пишува дека Матиќ веќе имал разговори со Манчестер Јунајтед околку своите услови и дека нема ништо против трансферот да се случи. Матиќ во јануари 2014. година го започна вториот мандат на „Стемфорд Бриџ“ и во тој период освои две титули во ПЛ и Лига Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…