Дома Фудбал Ова се фаворитите за тренерското столче во Рома

Ова се фаворитите за тренерското столче во Рома

Селекторот на Албанија, Кристиан Панучи и Винченцо Монтела се фаворити за тренерското столче во Рома, доколку Ди Франческо добие отказ.

Рома цела сезона игра „топло-ладно“, а големиот пораз од Фиорентина со 7:1 сериозно ја разниша позицијата на Ди Франческо во клубот.

Наводно раководството му дало ултиматум на стратегот, па доколку не победи на следниот меч против Милан ќе добие отказ.

Италијанските медиуми тврдат дека Панучи и Монтела се главни фаворити за негов наследник.

Панучи е селектор на албанската репрезентација во моментов, додека Монтела е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…